анг алб
Стани зелен!
Што можам да направам јас за да живеам поеколошки?
       
ХАРТИЈА ПАКУВАЊЕ ПЛАСТИКА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
     
ГРЕЕЊЕ ВОДА ТРАНСПОРТ
Што можете да направите за да имате поеколошки начин на живот?

Хартија!

  1. Хартијата што е испечатена од едната страна може да се користи и како хартија за белешки. На пример: превиткајте ја и направете си тефтерче за запишување пораки или белешки.
  2. Соберете ги дневните весници и обидете се да најдете фирма или организација што ќе ги рециклира.
  3. Употребете ги весниците за пакување на подароците. Бидете оригинални и креативни!
  4. ПЕЧАТЕТЕ ДВОСТРАНО! Сите компјутери може автоматски да се наместат на оваа функција.
  5. Бидете свесни за она што го печатите. Ако не ви се потребни хартиени копии од вашите електронски пораки, не печатете ги!
  6. Наместо да ги фрлите старите и несакани книги во ѓубре, најдете некој што е заинтересиран да ги има.

Пакување!

  1. Користете платнена торба за купување. Ако заборавите да понесете од дома, побарајте хартиена кеса од продавницата!
  2. Кога купувате продукти, бидете свесни кои од нив се спакувани во непотребни пакувања. Изберете ги оние што се пакувани поедноставно. Ако сте во можност, изберете ги продуктите чие пакување може да се рециклира.
  3. Употребете ги големите картонски кутии од пакувањата на белата техника  како контејнери за складирање непотребни работи. Или, бидете креативни и употребете ги за друга намена. На пример: обоената кутија во која бил спакуван фрижидерот може да стане добра тврдина за играње!
  4. Користете пластични кутии за да си го спакувате ручекот за работа или за на училиште.

Пластика!

  1. Изберете пијалоци во пластични шишиња со знакот за рециклирање (три стрелки што прават триаголник). Овој знак значи дека шишето може да се рециклира.
  2. Одвојте ги пластичните шишиња од другиот отпад. Ако има во вашата населба одделен контејнер за пластчни шишиња, фрлете ги во него. Ако нема, оставете ги пластичните шишиња до обичниот контејнер, неформалните собирачи ќе ги соберат и ќе ги однесат на рециклирање.
  3. Пластичните шишиња може да се користат креативно за уметнички проекти или да станат практични предмети во вашиот дом. На пример: 1. пластичното шише на кое му отсечен горниот дел (грлото) може да се користи како држач за пенкалца, 2. пластично шише наполнето со песок е одличен држач на книги, 3. пластичното шише со отсечено грло може да се наполни со земја и да се користи како саксија за цвеќе, а особено за расад, 4. Бидете креативни! Од пластичните шишиња може да се направат играчки и многу други интересни работи.

Електрична енергија!

  1. Заменети ги светилките со жаречко влакно со штедливи!
  2. Не палете светло ако природното осветлување доволно!
  3. СЕКОГАШ гасете ги сијалиците кога ја напуштате собата!
  4. ВСУШНОСТ, исклучете ги сите уреди што не ги користите: телевизорот, компјутерот, радиото, дивидито, итн.
  5. Исклучете ги од струја апаратите што не ги употребувате – многу од нив користат енергија и кога не работат. Затоа исклучете ги од струја!
  6. Затворете ја вратата на фрижидерот што е можно побрзо. Проверете дали е добро затворена.
  7. Загрејте само онолку вода колку што ви е потребно – нема потреба од повеќе!
  8. Исклучете го бојлерот кога не е во употреба!
  9. Најдете начини да ги користите алтернативните извори на енергија. На пример: користете ја сончевата енергија за да загреете вода.

Греење!

  1. Затворете ги зиме вратите и прозорците кога е греењето вклучено и лете кога е климата вклучена.
  2. Наместо да ја отворите вратата кога е претопло, исклучете го греењето.
  3. Облечете потопла облека и намалете го греењето.
  4. Ставете фолија зад греалката за да ја зачувате топлината.
  5. Ставете завеси или ролетни на прозорците за да ја одржувате просторијата топла зиме и ладна лете.
  6. Засадете листопадни дрва на јужната страна од куќата за да држат сенка лете и за да ги пропуштат сончевите зраци во домот зиме.
  7. Засадете зимзелени дрвја на северната страна од куќата за потопол дом зиме.
  8. Ако е возможно, користете светлообоени материјали за да ја покриете куќата.

Вода!

  1. Затворете ја чешмата кога не е во употреба. На пример: користете колку што е можно помалку вода додека ги четкате забите, ги миете рацете или додека се бричите итн.
  2. Ако е возможно, за наводнување на растенијата користете вода што не е за пиење.
  3. Во текот на летото наводнете ги растенијата навечер или рано наутро за да се намали испарувањето во текот на денот.
  4. За време на летото не играјте си со водата. Таа е скапоцен ресурс – не трошете ја.
  5. Додека се туширате, користете ја водата колку што е можно помалку. Намалете го времето за туширање за 2-3 минути, особено кога повеќе од една личност треба да ја користат топлата вода секој ден.
  6. Користете ја машината за садови само кога е целосна полна. Во спротивно, измијте ги садовите на рака.
  7. Користете тушеви, славини и тоалети со мал излив на вода.
  8. Поправете сè што капе. Тоа е најлесниот начин да заштедите вода.

Транспорт!

  1. За кратки растојанија пешачете или возете велосипед.
  2. За долги растојанија делете го превозот со други луѓе или користете јавен превоз.
  3. Додека возите на автопат, не возете побрзо од 100 километри на час. Над таа брзина трошите повеќе гориво.
  4. Доколку е возможно, користете биодизел гориво.