Двете главни компоненти на програмата ЗЕЛЕНИ УЧИЛИШТА во Македонија се реновирањата и Зелените клубови. Преку првиот чекор во процесот, со поголеми инфраструктурни зафати, училиштата станаа поеколошки, а истовремено и попријатни средини за учење. Беа изведени проекти за замена на врати и на прозорци, инсталирање соларни панели како и други поголеми проекти.
Овие инвестиции беа овозможени од страна на УСАИД и на општините, со поддршка од заедницата и од училиштата. Целта не беше само да се намали негативното влијание на училиштата туку и нивните трошоци, за да им се овозможи поголемо инвестирање во образованието и во условите за учење.
Во втората фаза на проектот се формираа Зелените клубови за одржливоста на овие инвестиции во училиштата. |