анг алб
14 училишта учествуваа во Натпреварот на Зелените училишта оваа година! Побаравме од учениците да бидат креативни и да изработат помошни наставни средства од отпад! Изработија модел на зоолошка градина, цвет, молекули и многу други работи. Прочитајте повеќе на нашта страница именувана Натпревар! >>>
----------------------
Годинава по третпат, на 25 април во Градскиот парк, беше одбележан Денот на планетата Земја, под мотото „Собирај ПЕТ за подобар свет“. Овој настан годинава го организираа Проект на УСАИД за рециклирање пластика, Министерството за животна средина и Град Скопје. >>>
----------------------
Македонија, е резултат на кампања на УСАИД која промовира одржливост на животната средина, едукација и јавна свест во рамките на основните училишта во Македонија. “Зелени училишта” е финансирана од УСАИД Проектот за основно образование (раководена од страна на Академијата за развој на образованието - AED) и УСАИД Проектот за рециклирање пластика (раководен од локална НВО, MDC - Ti.Net). >>>
----------------------
Како резултат на големиот успех и високиот интерес за пилот фазата на ПЕП активноста ,,Зелени училишта’’, беше одлучено оваа активност да се прошири и да бидат опфатени уште 15 нови училишта. Во тие училишта веќе се основани и ,,Зелени клубови’’ чиј просечен број на учесници е 25, а нивната активност е фокусирана на четири релевантни теми: енергетска ефикасност, заштита на водните ресурси, алтернативно управување со отпадот и еколошки транспорт. >>>
----------------------
За здрав развој на нашите ученици, освен добрите услови во училницата и училишните простории, неопходно е и добро надворешно опкружување. Учениците треба да се чувствуваат пријатно во училишните клупи, но и во најблиската природа – училишниот двор. Доколку се успее да се искомбинира сето ова, со правилно користење на ресурсите од природата, тогаш се постигнува полн погодок.
ПЕП веќе години наназад остварува успешна соработка со ОУ ,,Блаже Конески’’ од Прилеп. Во ова училиште, меѓу другото, успешно се одвиваат активности во рамки на иницијативата на ПЕП ,,Зелени училишта’’.
>>>