 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
|
анг |
алб |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
 |
| ЗЕЛЕНИ КЛУБОВИ |
| Што е Зелен клуб? |
Зелените училишта се главните носители на училишните промени. Под координација на своите наставниците, 25 членови на Клубот се среќаваат еднаш неделно за да се договарат како да дејствуваат во однос на четирите еколошки теми релевантни за училишната заедница: енергија, вода, транспорт и отпад. Учениците во Зелените клубови се поделени во четири работни групи (тимови), а секој од тимовите е одговорен да се здобие со експертиза за една од четирите теми.
(повеќе за нас) |
ЛИНК ДО СИТЕ ЗЕЛЕНИ УЧИЛИШТА |
|
 |
| Зелени проекти: |
Врз основа на годишна темелна процена и анализа на негативното влијание на училиштето врз животната средина, секој Зелен клуб ги одбира најважните проблеми во своите училишта. Сите овие проекти беа извршени во текот на пилотот на Програмата Зелени училишта во учебната 2008/2009 година. |
| Зелениот клуб на ОУ „Мирче Ацев“ се грижи за животната средина |
Зелениот клуб од ОУ „Мирче Ацев“, Скопје, при евалуација на состојбата во училиштето, дојде до заклучок дека училиштето има потреба во својот проект во учебната 2008/2009 година да работи на сите четири теми: отпад, енергија, вода и транспорт. За да се подобри хигиената во училиштето, Клубот реши да набави и да постави канти за отпад во дворот и во ходникот на училиштето. Енергетската ефикасност ја подобри со замена на светилките со жаречко влакно со неонски и со поставување сензор за автоматско исклучување на сијалиците во еден тоалет. Клубот постави и паркинг за велосипеди во училишниот двор за да го поттикне возењето велосипеди. |
 |
 |
Постерот го изработија членови на Зелениот клуб на ОУ Мирче Ацев, Скопје. |
| --------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- |
|
|
| Зелениот клуб на ОУ „Гоце Делчев“ штеди вода |
Во учебната 2008/2009 година, Зелениот клуб од ОУ „Гоце Делчев“, Неготино, по целокупното анализирање на состојбата во училиштето, ја издвои како приоритет рационалната употреба на водата во училиштето. За таа цел, сите обични чешми во училиштето беа заменети со временски потисни чешми, кои автоматски се затвораат по употреба.
|
 |
 |
Постерот го изработија членови на Зелениот клуб на ОУ „Гоце Делчев“, Неготино |
| --------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- |
|
|
| Зелениот клуб на ОУ „Григор Прличев“ ги замени обичните сијалици со неонски |
Зелениот клуб од ОУ „Григор Прличев“,Охрид, по една година снимање и анализирање на состојбата во училиштето на темите енергија, транспорт, вода и отпад, одлучија да изработат проект за подобрување на енергетската ефикаснот во старата училишна зграда. Во неа, сите светилки беа со жаречко влакно. За да заштеди енергија, во учебната 2008/2009 Клубот одлучи да ги замени обичните светилки со неонски.
|
 |
 |
.Постерот го изработија членови на Зелениот клуб на ОУ „Григор Прличев“, Охрид. |
| ------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- |
|
|
Зелениот клуб на ОУ „Видео Подгорец“ придонесе кон заштеда на енергијата во училиштето |
Со цел да ја подобри енергетската ефикасност на училиштето, во учебната 2008/2009 година, Зелениот клуб на ОУ „Видое Подгорец“, Струмица, ја заменија едната од надворешните врати на училиштето со нова, а светилките со жаречко влакно ги заменија со неонски.
|
 |
 |
Постерот го изработија членови на Зелениот клуб на ОУ „Видое Подгорец“, Скопје. |
| --------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- |
|
|
| Зелениот клуб на ОУ „Дрита“ ја подобри целокупната состојба на училиштето |
Со цел да се подобри целокупната состојба на училиштето во однос на влијанието на животната средина, во учебната 2008/2009 година, Зелениот клуб на ОУ „Дрита“, с. Рашче, реши да ги набави следните продукти: канти за отпад за дворот и за ходникот во училиштето за да се подобри хигиената; умивалници, казанчиња и чешми за да се избегне непотребното течење на водата; механизам за автоматско затворање на вратите и брави за да се подобри енергетската ефикасност; како и паркинг за велосипеди во училишниот двор за промовирање на еколошкиот транспорт.
|
 |
 |
Постерот го изработија членови на Зелениот клуб на ОУ Дрита, с. Рашче, Скопско. |
| --------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- |
|
|
|
 |
 |
 |
 |