анг алб

Натпревар на Зелените училишта

 
Учебна 2009/2010 година

Натправарот оваа година имаше за цел да ги инспирира училиштата да бидат креативни во училницата! Побаравме од учениците да изработат помошни наставни средства употребувајќи само отпад!

Добивме 14 прекрасни апликации! Евалуациската комисија се состоеше од четири члена и ги рангираше апликациите според следниве критериуми: корисност на помошното наставно средство, оригиналност на идејата, реупотребени материјали, и нивото на поддршка. Комисијата имаше тешка задача и одлучи да додели една прва награда, две втори и две трети награди.

Наградата за победиците беше еднодневна посета до мегалитската опсерваторија Кокино, во близината на Куманово, каде што се запознаа со општествените и религиозните обичаи на луѓето што живееле во регионот пред околу 3800 години и каде што уживаа во прекрасната природа.

Ако сакате да дознаете повеќе за училишните апликации и за победниците, а и да ги разгледате нивните фотографии, кликнете тука.

 

Учебна година 2008/2009

На 22. и 23. јуни, 2009 година, во рамките на активноста Зелени училишта, се одржа Зелен квиз во Стумица. На Квизот активно учество зедоа 100 членови на петте Зелени клуба формирани во учебната 2008/2009 година. Квизот се состоеше од прашања на сите четири теми на Зелените клубови: отпад, енергија, транспорт и вода. На квизот, членовите на Зелените клубови добија можност да се запознаат меѓусебе, да ги споделат резултатите од својата работа и да го проверат своето знаење за заштита на животната средина. Сите учесници на квизот добија симболични награди. На вториот ден од настанот, Зелените клубови добија можност да ја претстават својата работа и на јавниот настан организиран од Проектот за рециклирање пластика на УСАИД, на плоштадот во Струмица. Зелените ги споделија своите достигнувања со граѓаните на Струмица и со градоначалниците на струмичките општини.



   

Линк:
Зелен квиз